Композиција од Дарија Андовска ќе се емитува на над 35 радио-станици во целиот свет
На 13.10.2021 во 20ч во Биоскоп Балкан во Белград, во рамките на 67-то издание на IRC – International Rostrum of Composers, на концертот на ансамблот Метаморфозис ќе се изведе композицијата „даМар“ за соло виола и гудачки оркестар од македонската композиторка Дарија Андовска.
Дарија Андовска е најавена како драг гостин од Македонија во програмата со реномирани современи српски композитори како Бранка Поповиќ, Александра Вребалов, Наташа Богојевиќ, Иван Марковиќ и Драгана Јовановиќ.
Ансамблот Метамофорзис и нивниот уметнички раководител Саша Мирковиќ се едни од водечките промотори на современа музика во Србија и на Балканот.




