Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел се врати на музичката сцена: Објавена песната ,,Easy On Me” како најава за новиот албум

Музика

Адел се врати на музичката сцена: Објавена песната ,,Easy On Me” како најава за новиот албум

Адел се врати на музичката сцена: Објавена песната ,,Easy On Me” како најава за новиот албум

Една од најпопуларните пејачки на светот, Адел, се враќа на музичката сцена со новиот сингл „Easy On Мe“ кој ќе се најде на нејзиниот нов студиски албум насловен „30“.

Адел претходната недела на своите профили на друштвените мрежи полека започна да ја најавува новата музика, а во многу светски престолнини се појавија големи билборди на кој се наоѓа мистериозниот број „30“, што обожавателите на британската дива веднаш препознаа дека се работи за нејзино враќање на сцената.

Видео записот за „Easy On Мe“ започнува со кадар на истата куќа која се појавува во спотот за нејзиниот веќе огромен хит „Hello“ (2015). Спотот е снимен претходниот месец во Квебек, Канада, а како режисер на спотот се јавува Ксавиер Долан, чие дело е и „Hello“.

На почетокот на оваа недела, Адел сподели информации за нејзиниот нов албум со лична порака до фановите дека „конечно е подготвена да објави нова музика“.

„30“ е четврти студиски албум на Адел кој треба да излезе на 19. ноември, точно шест години од објавувањето на нејзиниот последен албум „25“ (ноември 2015).

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.