Концерт на Стинг во Сараево во организација на Авалон продукција
Со големо задоволство, Авалон Продукција го најавува својот прв календарски проект во 2022 година, кој истовремено можеби е и еден од најважните.
Стинг – артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра“, на 19-ти март (сабота) во 20 часот.
Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“ кој треба да излезе на 19-ти ноември.




