MTV награди: Евровизиските победници повторно ја освоија Европа
Вчеравечер во Будимпешта се одржа овогодинешното доделување на MTV EMA наградите.
Италијанскиот бенд „Måneskin“ повторно однесе победа на значен музички настан. Евровизиските победници ја освоија наградата за „Најдобар европски рок бенд“.
Манескин се најде помеѓу силна конкуренција составена од познатите бендови Coldplay, Foo Fighters, Imagine Dragons, Kings of Leon и The Killers.





