Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Круна на љубовта“ е новата песна на Харизма бенд (ВИДЕО)

Музика

„Круна на љубовта“ е новата песна на Харизма бенд (ВИДЕО)

Во времето на кралевите и кралиците, „првиот танц“ се користел за отворање на бал или специјален настан. „Првиот танц” го играле почесните гости, кои често биле членови на кралско семејство, додека во денешно време овој танц го играат младоженците.
„Круна на љубовта” е песна наменета токму за првиот танц.

– „Со оваа песна ја возвраќаме љубовта на нашата публика. Благодарни сме за поддршката што ја имаме овие 8 години. Сè што правиме, правиме за Вас! – велат од Харизма Бенд.

Текстот на песната е напишан од непресушното перо на Огнен Неделковски, певливата мелодија е дело на Александар Митевски, а милозвучниот аранжман е на Бобан Василески.

Доколку веќе сте го одиграле вашиот прв танц, за миг ќе ве вратиме на „подиумот на среќата” со сè тремата. Уживајте во “Круна на љубовта”

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.