Музика
Борис Цветановски преку „Ris Flower“ ќе се претстави пред светската музичка сцена (ВИДЕО)
Во бројно присуство на афирмирани артисти, музички експерти, колеги, пријатели и новинари во средата во кафулето „Каза бар“ во Скопје беше промовиран новиот музички проект на македонскиот артист Борис Цветановски, кој на интернационалната музичка сцена ќе се претстави под псевдонимот Ris Flower.
Неговата експлозивност како фронтмен препознаена од многумина, во комбинација со творењето на привлечни популарни теми и заразни мелодии, отпеани на англиски јазик, тој создава производ кој неоспорно има капацитет за достигнување на светските плејлисти.
Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секој, го дефинираат Ris Flower како инди-поп артист со мноштво од рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи.







