Никола Зацески со нов спот и хуманитарен концерт, по повод роденденот на Тоше! (ВИДЕО)
Моментално најактуелниот македонски пејач Никола Зацески, во соработка со Австралиската хуманитарна организација „Play Without Boundaries” и оваа година традиционално, но со специјални протоколи успешно го поставија најновото издание на хуманитарниот концерт “A Child’s Smile – Детска Насмевка” во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.
Покрај хуманитарниот концерт, Никола Зацески во чест на 40-от роденден на Тоше, направи и преработка на песната “За овој свет”, во продукција на Николче Мицевски.




