Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Лозано и другарите од „Дајте музика“ имаат нова песна! (ВИДЕО)

Музика

Лозано и другарите од „Дајте музика“ имаат нова песна! (ВИДЕО)

Лозано и другарите од „Дајте музика“ имаат нова песна! (ВИДЕО)

Ако на нашите радио станици го слушнавте последниот хит на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“.

Песната „Другар“ е веќе хит на радио станиците и на каналот Јутуб . Весела разиграна и забавна, песната „Другар“ највеќе од се‘ допре до децата. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат он-лајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж на сите деца за подобра иднина, а песната „Другар“ нe’ потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.

Лозано одлично се вклопи во концептот на „Дајте музика„ за една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.

Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат.

Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски.

Погледнете го спотот:

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.