Фото: Даниел Николовски

Музика
Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација
По фестивалското лето, BDM ја завршува сезоната со нов хит.
Македонското трио BDM имаше исполнета летна сезона, која „завршува“ со нова музика – момците направија ремикс на песната Blasphemy на Португалците Moulinex & GPU Panic.
Blasphemy се најде на компилацијата DTX Gathering на издавачката куќа Disco Texas која беше промовирана на 13.08, а на која се наоѓаат и траки од Хinobi, Yamagucci, Diana Oliveira и други.






