По 6 години по Калиопи, Лара ја отвора можноста да се слушне македонскиот јазик на Евровизија
Поминаа 6 години откако македонски претставник на Евровизија за последен пат се претстави и пееше на македонски јазик пред европската и светската јавност. Тоа беше Калиопи со македонската изведба на „Дона“ во склоп на Евровизија 2016.
Вчера, пејачката Лара Иванова ги изненади своите фанови и јавност со објавување на lyrics-видео на македонската, а воедно и оригинална верзија на песната “Flower of sorrow”, со којашто моментално се натпреварува во изборот на македонски претставник на Евровизија 2022. Македонскиот наслов на песната на Лара е „Цвеќе на тагата“, а видеото е достапно на официјалниот YouTube канал на Лара.




