Музика
„Полети птицо“ на Марко Кутлиќ – песна полна со емоции
Еден од најпрепознатливите и најдобри млади вокали од Хрватска, талентираниот Марко Кутлиќ, после успешниот сингл „Будиш ме“ на јавноста ѝ ја претставува новата песна со наслов „Полети птицо“. Оваа впечатлива и енергична песна е проследена со видео во режија на Антонио Давид Перина.
Девојката на Марко, инаку момче вљубено во македонската историја како што и самиот вели, во видеото ја глуми Тена Белчиќ, а целата приказна во спотот дава посебна емоција на самата песна.
„Атмосферата во видеото и одличната глума на Тена совршено отсликуваат лепеза од меланхолични емоции кои ги носат мелодијата и текстот. Морам да ја пофалам целата екипа која работеше на видеото и песната затоа што навистина се потрудија и направија одлична работа“, вели Марко.






