Музика
Регионалниот ЕГЗИТ со нови признанија ги предводи светските листи на најдобри фестивали!
Енциклопедијата World Atlas го одреди регионалниот фестивал ЕГЗИТ на прво место во својата неодамна објавена листа на најголемите музички фестивали во светот, опишувајќи го како повеќекратно наградуван летен фестивал чија посетеност брои преку 200.000 луѓе од најразлични земји во светот!
Со оглед на тоа што во оваа селекција ЕГЗИТ зад себе остави и неколку настани со уште поголема посетеност и подолга историја, па и со повеќекратно поголем буџет, како што се британскиот гигант Гластонбери или бразилскиот Рок ин Рио, може да се заклучи дека листата со најголемите фестивали е одредена по нивното значење и збир на сите фактори, што новото признание за ЕГЗИТ го прави уште поважно!
„Светски атлас“ наведува и дека интернационалните музички фестивали нудат платформа за локалните и светските таленти да ги претстават своите настапи на широката публика, а исто така дозволуваат и голема културолошка размена и придонесуваат кон туристичкиот развој на земјите во кои се одржуваат. Покрај тоа, големите музички фестивали привлекуваат огромен број луѓе, што многу позитивно влијае на локалната економија. Токму ова тврдење го потврдува и фактот дека ЕГЗИТ фестивалот само оваа година остварил рекорден придонес во домашната економија, со дури 16.4 милиони евра, додека од основањето на фестивалот до денеска, придонесот изнесува преку 180 милиони евра економска корист од Егзит, и тоа не рачунајќи ја вредноста во остварената меѓународна промоција на Нови Сад со овој настан. Во својот текст за музичката фестивалска индустрија, World Atlas наведува и дека токму фестивалската индустрија на глобален план во моментов вреди три милијарди американски долари и дека е брзорастечка во целиот свет, што го потврдува и Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) која неодамна процени дека веќе во следната деценија речиси 370 милиони млади патници ќе ја направат вкупната потрошувачка од преку 400 милијарди долари.




