Ѕвездите ја честитаат новата MAC 2020 година!
„Влегуваме во MAC 2020 година со сигурни чекори, со многу добра музика и милион ваши онлајн гласови! Таквиот одзив ни е најголем поттик и 2020 да ја одбележиме со добра музика, која на најубав начин ќе ја поврзе регионалната сцена“, порачуваат организаторите од Скајмјузик и најавуваат незаборавен почеток на годината на 27 јануари во Штарк Арената на манифестацијата Music Awards Ceremony.
Повеќе од 600 номинации се распоредени во 17 категории за гласање на страницата musicawardsceremony.com, а учесниците и номинираните снимија видео во кое на следбениците на MAC им ја честитаат новата MAC 2020 година.




