Музика
Боби Павловски ја промовираше „Самица“ (ВИДЕО)
По одличните „Метар дана“ и „Тамо негде“ Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството.
Хитовската композиција со модерен призвук и која лесно влегува во уво е со наслов „Самица“ и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun.
Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце…




