Музика
Ријана нема издадено песна со години, но само што влезе во музичката историја
Ријана испиша историја.
Иако со години нема издадено нов албум или песна и веќе не настапува, Ријана само што собори нов музички рекорд. Ја доби титулата женски уметник со најмногу дијамантски хитови досега.
Како што знаете, RIAA (Асоцијација на индустријата за снимање на Америка) доделува златни и платина награди. Златната награда се доделува за 500.000 продадени копии од албумот/синглот, а платинестата награда за еден милион. Во 1992 година, RIAA ја воведе и наградата Diamond, која се доделува на уметници кои продале 10 милиони албуми или синглови.




