Музика
СКОПЈЕ ЗГРМИ: Лени Кравиц одржа историски концерт во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
ВИП арената исполнета до последното место, а публиката желна за вистинска музичка авантура. Така накратко може да се опише вчерашната атмосфера на концертот на легендарниот Лени Кравиц во Скопје.
– „Добровечер, како сте? Многу сме благодарни што сме со вас оваа вечер и ви благодариме на убавото добредојде. Се прошетав низ Скопје и најдов многу љубов во Македонија!“ – се обрати Лени на присутните.







