Музика
Tрпчески, Петренко и Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон одушевија и во Загреб
Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб.
Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис.