Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Васил Гарванлиев победи со Ѓердан на светскиот реномиран фестивал World Folk Vision

Музика

Васил Гарванлиев победи со Ѓердан на светскиот реномиран фестивал World Folk Vision

Васил Гарванлиев победи со Ѓердан на светскиот реномиран фестивал World Folk Vision

Global Culture Initiative денес ја објави листата со победници на фестивалот World Folk Vision 2020. Во категоријата за најдобра песна победник е нашиот овогодишен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната Ѓердан.

На овој глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 члено професионално жири од повеќе земји од светот. Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

“Сеуште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со Ѓердан да учествувам – песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време„

Песната Ѓердан беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгич, текст на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.