Музика
Момците од „Либеро бенд“ дел по дел ја покоруваат македонската музичка сцена
Во ова време – невреме, ретки се изведувачите кои работат, снимаат и вложуваат во својата кариера. Едни од ретките се момците од „Либеро бенд“ кои периодов беа затворени во студио и неуморно работеа.
Пред само еден месец објавија преработки на познати хитови од Балканот и привлекоа големо внимание во јавноста, не само во Македонија, туку и во регионот. И, не застанаа тука, се стремеа кон нешто повеќе, нешто кое ќе биде уникатно и нешто кое ќе остави белег на македонската музичка сцена.
Без никакви ограничувања во правецот кој го третираат, тие одлучија да направат нешто ново, нешто што ќе биде голем летен хит.



