Водечките светски медиуми: EXIT e крунски дијамант меѓу фестивалите!
Интересот за овогодишниот EXIT е поголем од кога и да било во неговата деветнаесетгодишна историја.
Цела серија на билети заминаа многу порано, во Србија пристигнува рекорден број на гости од регионот, а вкупниот број на странски гости бележи пораст од дури 30 проценти. Веќе е очигледно дека овогодишното издание ќе ги надмине претходните, а во прилог на тоа говорат и пофалбите од медиумите со глобално влијание кои пристигнуваат од сите краеви на светот. Најзначајниот британски музички магазин NME, посвети цел текст за EXIT и неговата богата активистичка историја, именувајќи го како „четиридневна прослава со речиси сите музички правци што постојат“. NME ги истакна и многубројните општествени кампањи, како што е проектот Youth Heroes, кој ги промовира вистинските примери за младите преку наградување на вистинските млади херои. Самата локација Петроварадинската тврдина е опишана како „најидиличното место за дочек на изгрејсонцето“. Пофалните зборови не ги штедеше ни моќниот Rolling Stone, во насловот споменувајќи ги The Cure, Skeptа, Greta Van Fleet и Paul Kalkbrenner, препорачувајќи дека иако почетокот на фестивалот е закажан на 4-ти јули, годинешното издание на EXIT веќе го оствари успехот.
И британскиот Mirror на своите читатели им го препорачува EXIT и неговата „легендарна арена“ како неизбежна станица меѓу „совршените журки“. По минатогодишните пофалби за програмата од страна на американскиот магазин Forbes, и руското издание на ова познато списание, истакна дека фестивалот на тврдината е еден од седумте најдобри во Европа! „Светската бизнис библија“ наведува дека програмата е проследена со водечки музички имиња, но ги издвојува и спектакуларниот камп на една од најубавите песочни плажи на Дунав, како и шареноликата понуда на храна и пијалак што ја нуди фестивалот. Дека интересот е голем од исток до запад, најдобро го потврдува фактот што американскиот Forbes повторно подготвува, овој пат, уште поголема приказна за EXIT, која ќе биде објавена непосредно пред почетокот на фестивалот.




