„За Нова година“ е насловот на новогодишната песна на Симона Поповска (ВИДЕО)
Таа е една од најдобрите женски вокали кај нас, повторно актуелна со нови синглови.
После песната на англиски јазик „Feel so good”, Симона ни спреми уште едно музичко изненадување по повод Нова година и претстојните новогодишни празници. Се работи за специјална новогодишна песна насловена -„За Нова Година“.
Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Пратечките вокали ги отпеа Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски.





