Марија од Фрајле ја претстави својата прва самостојна песна: Балада, ама малку поинаква!
Таа е правничка која само неправдата може да ја исфрли од колосек, но затоа гитарата и дружбата со пријателите ја носат низ животот. Пишува песни, свири и пее. На прашањето дали би била дур или мол, без размислување одговара дур. Таа е Марија, а „Пожури, пожури“ е нејзиниот прв сингл. Таа е лице и глас кои добро ги познавате.
Радоста од создавањето и музичките соработки се гориво за погонот на Марија. Некои од најпознатите теми на Фрајле ги потпишува токму Марија или Макица, како што на нарекуваат пријателите. За своите дела добила и бројни награди, ја освојувала фестивалската публика и заземала први места на топ-листите, а албумите на кои е нејзиниот авторски печат се вбројувани меѓу најдобрите во Хрватска и регионот.
Марија сега гради соло кариера, а неретко се вљубува во своите песни, па сака да ги чува само за себе. Нејзината нова композиција, за која текстот го потпишува Алка Вуица вредела да се чува. Како што вредело и одењето до Венеција каде е снимен спотот о режија на Сандра Михаљевиќ.




