Музика
Најбараниот светски хип хоп изведувач Wiz Khalifa доаѓа на EXIT 2016!
Најголемата светска хип хоп ѕвезда и едно од најзначајните музички имиња на денешницата Wiz Khalifa (Виз Калифа) прв пат ќе настапи на овие простори во недела, 10. јули на главната бина на „Егзит“ фестивал!
Wiz Khalifa доаѓа во Србија во врвот на својата популарност, откако оваа година ги покори светските топ листи со песната „See You Again“ од филмот „Furious 7“, а воедно и го изедначи рекордот на Еминем од 12 недели на првото место на американската топ листа. Истата песна достигна вртоглава бројка од 1.2 милијарда прегледувања на сајтот „Јутјуб“ и стана најгледаното видео оваа година и еден од трите најгледани спота на сите времиња!
Досегашните синглови на Wiz Khalifa исто така со леснотија достигнуваа до самиот трон на светската хип хоп сцена, па така во збир надминуваат три милијарди „Јутјуб“ прегледувања со кои овој изведувач станува еден од најпопуларните на светот. Подеднакво импозантна е и листата на соработници на Wiz, на која се запишаа и Bruno Mars (Бруно Марс), The Weeknd (Д Викнд),Snoop Dogg (Снуп Дог), Miley Cirus (Мајли Сајрус), Maroon 5 (Марун Фајв), Lily Allen (Лили Ален), will.i.am (Вилиам), 50 Cent (Фифти Сент) и бројни други.




