Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уште четири дена до најпозитивниот концерт на Нокаут досега!

МК Сцена

Уште четири дена до најпозитивниот концерт на Нокаут досега!

Се ближи денот кога НОКАУТ ќе го направат најголемиот концерт досега, закажан за 24 декември во арена Борис Трајковски.

Подготовките течат со полна пареа. Бендот секојдневно го вежба репертоарот, организаторите од Горила Продукција се грижат се да биде под конец, Синиша Ефтимов и е посветен на режијата, а Ирина Тошева на изгледот на момците и на единствената девојка која ќе биде на сцена. На кратко, за неколку денови ве очекува ултимативно искуство и за уши и за очи.

Единствено што ви преостанува Вам, како специјални гости на вечерта, да се обезбедите со многу позитивна енергија, да дојдете во Борис Трајковски во 21.00 часот и заедно со НОКАУТ да создадете музички спомени кои долго ќе се паметат.

Билетите можат да се набават во продажната мрежа на МК ТИКЕТС. Постои ли подобар начин да се заврши годината?

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.