МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: „Шербет Љубојна“ – концерт за мелем на душата
Горила Продукција, во свое име и во името на Љубојна и нивните гости Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев, им се заблагодарува на сите оние кои направија концертот во арена Борис Трајковски да биде едно од најубавите искуства за нас како организатори и за сите кои настапија.
Многу музичари на сцена, прекрасна размена на енергии, гласно пеење, неуморно играње и многу кренати раце и срца… Вака накратко може да се опише атмосферата на концертот, но кога зборовите не се доволни, оставаме фотографиите да раскажат повеќе.
Етнофолклорниот мелос не ја остави публиката рамнодушна, па во тие неколку часа беше мелем за бегство од секојдневието и супер подгревање за предновогодишната еуфорија.















