МК Сцена
НА ДВА ДЕНА ПРЕД СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА: „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ во Cineplexx
По речиси 10 години, пристигнува новото продолжение од сагата. Македонските фанови ќе имаат можност дури на 2 дена пред премиерата во САД, да го гледаат филмот на закажаната полноќна проекција.
Долгоочекуваното седмо продолжение, на една од најпознатите саги на сите времиња, ги носи фановите на една неверојатна авантура. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ од 17ти декември на големите платна во Cineplexx.
„Поради големиот интерес имаме отворено вкупно осум сали за полноќните проекции. Првите четири сали беа рекордно распродадени, во период од 48 часа. Во моментов располагаме со слободни места само во првите редови, во неколку од салите. Очекуваме одлична вечер исполнета со интересни активности за фановите. Подготвивме и дополнителни изненадувања за најмладите фанови на сагата. Во организација на Скопје Сити Мол, во соработка со Cineplexx во периодот од 16.12 до 25.12 ќе биде организирана Џедај академија и други тематски активности“, изјавува Кети Кочкова Јовашевиќ, маркетинг менаџер на Cineplexx.




