Музика
В недела добротворен концерт на Аријана Гранде во Манчестер
Американската пејачка Аријана Гранде в недела ќе одржи добротворен концерт во Манчестер во спомен на жртвите во нападот.
Плејада од ѕвезди, како Кејти Пери, Џастин Бибер, Мајли Сајрус, Фарел Вилијамс, групите „Колдплеј“ и „Тејк дет” ќе учествуваат на концертот, соопштија организаторите на настанот.
Концертот ќе се одржи на стадионот за крикет „Олд Трафорд“, на помалку од две недели откако 22 лица загинаа од самоубиствен напад извршен на крајот на концерт на Аријана Гранде во Манчестер, а 116 беа повредени.




