Музика
На Украина сепак нема да и биде одземена победата на Евровизија
Откако на Јутјуб се прошири видео од концерт на украинската победничка на овогодишниот Евросонг, Џамала на која таа една година пред натпреварот ја изведува победничката евровизиска песна, се огласи и Европската радиодифизна унија (ЕБУ), која објави свое видување на контровезното случување на Изборот за песна на Евровизија.
– Правилото на Евровизија кое гласи дека пријавените песни не смеат да бидат комерцијално објавени пред 1 септември преходната гоидна, е со цел на Изборот да учествуваат нови песни секоја година и сите да имаат еднакви услови, наведува ЕБУ во соопштението
И во минатото некои песни беа јавно достапни пред посочениот датум, но не беа достапни на пошироката публика со што им беше дозволено учество на Евровизија.




