МК Сцена
Џо Самнер – специјален гостин на концертот на татко му Стинг во Скопје
Легендата на светската рок-сцена Стинг на концертот во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 октомври ќе настапи со своите долгогодишни соработници – гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин ќе биде неговиот син, Џо Самнер, соопшти Авалон продукција.
Џо Самнер, кој е син на Стинг (Гордон Самнер) од врската со ирската актерка Френсис Томелти, со музика почнал да се занимава во тинејџерските години, свирејќи на гитара и тапани, инспириран од албумот на Нирвана „Nevermind“. По само неколку години го формирал бендот „Fiction Plane“ кој зад себе има шест студиски албуми,
– Во последните пет години Џо Самнер интензивно работи и на својата соло-кариера, како и на својата мобилна апликација Vyclone. Зад себе има различно музичко искуство – од турнеи со музичарите кои тој ги нарекува своја фамилија (The Police, Sting) до соработки со разни музички изведувачи. Својот прв деби сингл насловен „Jellybean“ го објави во почетокот на оваа година, информира Авалон.




