Музика
Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради болки во мускулите
Американската поп ѕвезда Лејди Гага одложи 18 концерти од европската турнеја, бидејќи боледува од фибромијалгија.
Фибромијалгија е медицински синдром кој се карактеризира со болка по целото тело, особено во мускулите.
Лејди Гага минатата недела го откажа настапот на фестивалот во Рио де Женеиро, бидејќи ден пред концертот, поради големи болки, заврши во градската болница.




