МК Сцена
Објавена програмата на Пиволенд: И оваа година фестивалот со поддршка на македонската музика
Оваа година како и изминатите, веќе во континуитет и традиционално, Пиволенд во својата програма вклучува највеќе македонски изведувачи, бендови и диџеи.
На тој начин, Пиволенд ја дава својата поддршка на македонската музичка сцена, а големата посетеност во изминатите години е доказ дека македонската музика и те како има публика и почитувачи.
На овогодинешното издание на фестивалот ќе ги слушаме: легендарните Ласт Експедишн, ултра забавните Суперхикс, жестоките Смат, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, светскиот бренд Есма Реџепова, метал пионерите Верка, Барбарела и многу други. Од регионот гостува популарниот панк-фолк бенд Бркови – Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска, бенд кој остави огромен впечаток на овогодинешниот Баскерфест.




