МК Сцена
Витези и принцези ќе го „окупираат“ Скопје Сити Мол
Средновековниот период е возбудлив, исклучителен и мистериозен. Со карактеристичните замоци, витези, принцези, борби и чест претставува вистинска енигма и восхит како за децата така и за повозрасната публика.
За време на средниот век, замоците биле градени со една примарна цел: заштита на луѓето и имотите. Денеска тие се историска атракција која зборува за едно далечно одминато време и предизвикува особена љубопитност кај децата.
Во претстојниот период, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на ,,Детско кралство”, возбудлива бајка инспирирана од 11-ти век, која со својот автентичен изглед, приказна и случувања, никого нема да остави рамнодушен.




