Музика
Од „All I Want for Christmas Is You”, Мараја Кери заработила 51 милион евра
Музичкиот евергин „All I Want for Christmas Is You” од Мараја Кери, е една од најпознатите божиќни песни во поновата историја, и таа досега на пејачката и донесе вкупна заработка од 51 милион евра.
Според списанието „Економист“, овој хит од 1994 година, е најслушана празнична песна на сите времиња.
На музичката платформа Спотифај, „All I Want for Christmas Is You” се наоѓа на врвот на листата од 13 најпопуларни божиќни песни. До крајот на ноември годинава, таа е преслушана над 210 милиони пати. Неофицијално, најмногу во периодот на божиќните и новогодишните празници.




