МК Сцена
„Полноќни огномети“- новогодишен концерт на Филхармонијата
Македонската филхармонија вечер ќе одржи новогодишен гала-концерт насловен „Полноќни огномети“, под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел.
Како солисти на концертот ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата – Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.
Од Македонската филхармонија информираат дека по неколку години пауза, конечно го враќаат овој музички настан, кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.




