МК Сцена
Оваа сабота вистинска журка под отворено небо: Аца Лукас гостува во Охрид!
На само неколку дена до закажаната вистинска журка под отворено небо со хитовите на непоправливиот рокер, Аца Лукас, организаторт на концертот најавува промотивна цена на влезницата од 300 денари, но само до петок.
Веќе во сабота на 25 јули, оносно на самиот влез на Плажа Немо за каде што е закажан и настапот на Лукас, влезницата ќе ве чини 400 денари.
Со почеток во 22.00 часот, Лукас на плажа Немо ќе почне да ги реди своите најголеми хитови. И нема да биде сам. Најавува специјални гости со чија помош ќе се обиде тој 25 јули, сите што ќе бидат на плажа Немо во Охрид да го запаметат.




