МК Сцена
Жежок стриптиз од Лас Вегас доаѓа во Скопје!
Најголемата стрип танчерска трупа на светот на сите времиња CHIPPENDALES за прв пат доаѓа во Скопје.
CHIPPENDALES кои со професионалната сценска продукција и фантастична кореографија помогнаа стриптизот да биде прифатен како забава и спорт низ целиот свет, за прв пат ќе имаат можност да ги гледаат и нашите дами, на 20-ти март, во хотелот „Александар Палас“.
Нивната приказна започнала уште во 1979 година во Лос Анџелес, како прва професионална машка танцова трупа, која многу брзо почнала да го освојува светот каде и да настапува.




