Сцена
Почина италијанскиот писател Умберто Еко
Италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко почина синоќа на 84-годишна возраст, објавија италијанските медиуми.
Еко, кој боледуваше од рак, починал во својот дом. Медиумите пишуваат дека „светот загубил еден од најважните луѓе на современата култура“.
Негово најпознато дело е романот „Името на розата“, кој е преведен на 43 јазици и продаден во повеќе од 30 милиони примероци.




