МК Сцена
Познати имиња од светската диџеј сцена доаѓаат на „Kocani Aqua Summer Festival”
Водени од идеата за сплотеност во име на различните музички вкусови, со акцент на музички имиња кои претставуваат синоним за правецот на музиката која ја продуцираат, ова лето 2016-то, ви го претставуваме најголемиот летен фестивал во организација на Аква Центар Кочани, под името „Kocani Aqua Summer Festival”.
Станува збор за повеќе од 58 часа непрекината музичка експресија со почеток од 8 јули во вечерните часови до 10 јули во вечерните часови. Концептот е да се доловат познатите летни забави достапни во туристичките комплекси и плажи, овозможувајќи целата забава да се одвива на отворено.
Светски познатиот Том Крафт (Tom Craft) од Германија и во моментот, најпознатото дуо од Грција – Банг ла Декс (Bang la Decks) со своите ди-џеј-ски перформанси достојно ќе го отворат фестивалот, со што уште од самиот старт посетителите можат да очекуваат врвна забава, за да следниот ден ди-џејот на вечерта ни допатува директно од Палма Де Мајорка – Шпанија, повторно светски познат – Кико Наваро (Kiko Navarro). Во меѓувреме, забавата на 8-ми ќе започне со резидент диџејот Иван Г (Ivan G), а пред Банг ла Декс, атмосферата ќе ја вжешти сетот на ДЏ Цобе (Dj Cobe).




