Музика
МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Мартија и Антониа продолжуваат во финалето на „Ѕвездички“ (ВИДЕО)
Во вчерашната емисија од талент шоуто “Пинк ѕвездички”, нашите учеснички беа единствени кои успеаа да го “купат” жирито и публиката со странски песни. Очигледно македонските девојчиња сакаат да слушаат тренди модерна музика, па со таква музика и се претставија.
Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска вчера вечер влегоа во супер финалето од втората сезона на „Пинкови ѕвездички“.
Девојките го дадоа својот максимум на сцената, што остави мошне позитивен впечаток како врз жирито, така и врз публиката. Нашата трета учесничка во шоуто, Елена Бимбилоска, за жал не успеа да се пласира во следната фаза, како резултат на малиот број на поени добиени од публиката.




