Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Предновогодишен џез-концерт вечерва во Македонската филхармонија

МК Сцена

Предновогодишен џез-концерт вечерва во Македонската филхармонија

Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржи предновогодишен џез-концерт насловен „Baby It’s Cold Outside“.

Концертот ќе биде составен од два дела и ќе го води диригентот Џијан Емин.  Првиот дел, со наслов „Charlie Parker With Strings“, ќе се реализира во соработка меѓу ритам-секцијата на ЗЏМ Биг бендот и гудачката секција на Македонската филхармонија и солистот на алто-саксофон Кирил Кузманов. ЗЏМ соопшти дека оваа програма ќе биде изведена премиерно на концерт наменет за пошироката публика.

– Станува збор за изведба на компилациски албум на еден од најпознатите џез-саксофонисти и композитори на сите времиња, Чарли Паркер, кој е прогласен за најпродаван и е награден со Греми награда во 1988 година, информира ЗЏМ.

Вториот дел е концертен настап на ЗЏМ Биг бенд оркестарот на кој ќе настапат и вокалните солисти Џон Илија Апелгрен и Марија Димитријевиќ. Во вториот дел од вечерашниот концерт ќе бидат изведени дела од најголемите имиња од областа на џез-музиката.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.