МК Сцена
Предновогодишно џез уживање со Жељко Јоксимовиќ во МНТ (ВИДЕО)
Џез призвук на фолк поп и рок песни. Пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ во сосема поинакво издание во Скопје.
Едно од најдобрите српски музички имиња, единствениот кој што успеа да ја наполни Националната Арена Филип Втори, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ со сосема нов концeпт, предновогодишно доаѓа во Скопје. На 1, 2 и 3 декември, драматичниот амбиент на Македонскиот народен театар, ќе биде сценографија врз која Јоксимовиќ со музика ќе наслика нови Два света.
Со сосема поинаков звук и повеќе од 40 музичари на сцена, Јоксимовиќ предновогодишно ќе го разубави главниот град. Џез призвук и сосема поинаков аранжман на она на што сме навикнати да го слушаме од Жељко Јоскимовиќ. Овој музички проект насловен „Два света” својата премиера ќе ја живее три дена во Скопје, а од тука ќе продолжи да го освојува регионот.







