МК Сцена
Претставата „Дамите бираат“ ја зовре атмосферата во Аеродром
Претставата „Дамите бираат“ на Алтетеатар од Сараево, вчера, 21.6.2015 година, на отворената сцена на игралиштето во фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар „Аеродром“ во рамки на вториот по ред Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ буквално ја крена бројната публика на нозе.
Групата невработени млади момчиња од „Дамите бираат“, кои преку оглас бараат вработување, го прифаќаат предизвикот за танцувачи во диско-клуб и почнуваат макотрпно да вежбаат со нивната тренерка, зовривајќи ја и атмосфеарата во публиката во Аеродром.
Со префинет хумор, следејќи ги ликовите од идејата за стриптизери до нејзината конечна реализација, претставата ја поведе публиката низ возбудливи сцени преполни со кореографски секвенци, држејќи ја напната атмосферата до самиот крај.





