Музика
No Sleep Нови Сад: Комплетирана програмата за втората најголема електронска бина на EXIT!
Втората по големина електронска бина на Егзит фестивал и омилената оаза на најквалитетниот алтернативен хаус, техно и бас звук, оваа година има ново име и порака: „Ноу слип Нови Сад“ (No Sleep Novi Sad)!
Сместена зад Денс Арена, на истото место како и претходните години, кога го носеше името „ХепиНовиСад“ (HappyNoviSad), бината „Ноу Слип Нови Сад“ оваа година се реализира во соработка со интернационално познатите клубови 20/44 и „Драгстор“ (Drugstore) од Белград, како и со регионалниот електронски магазин „УЕСмаг“ (UESmag.com) и веќе традиционално со култниот портал „Хепиновисад“ (Happynovisad.com) кој оваа година ги брани боите на градот домаќин, бессониот за време на Егзит – Нови Сад.
Овогодишната програма е комплетирана, а ја предводат Скот Фрејзер (Scott Fraser), Клокворк & Аватизм Лајв (Clockwork & Avatism Live), Бас Мој (Bas Mooy), Чарлтон Лајв (Charlton Live), Ре:Аксис (Re:Axis), Радиал (Radial), Слипархив Лајв (Sleeparchive Live), БОП Абстракт Елементс (BOP Abstract Elements) и како специјален гостин, ѕвездата од главната бина „Енеи“ (Enei), со специјалниот сет на ретките драмендбејс класики!
Во продажба се достапни и еднодневните влезници за „Егзит“ фестивал по цена од 1.520 денари за секој ден поединечно. Овие и фестивалските влезниците за „Егзит“ (3.599 ден.), „Си Денс“ (2.550 ден.) и целата „Егзит“ Авантура (4.299 ден.) се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат) и преку www.mktickets.mk. На www.exittrip.org се продаваат и пакетите кои содржат хостелско и хотелско сместување за вистниско фестивалско летување од 7. до 20. јули, од тврдината до песочната плажа, а кои почнуваат со цена од 99 евра!