Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Конечно добра музика во време на пандемија: Момците од „Feedback“ велат – „Далеку од тебе“ (ВИДЕО)

Промо

Конечно добра музика во време на пандемија: Момците од „Feedback“ велат – „Далеку од тебе“ (ВИДЕО)

Велат дека музката е лек за многу работи и веруваме дека ќе се согласите. Дефинитивно музика ни е потребно за во овој тежок период низ кој сите поминуваме.

А, за добра музика се погрижија момците од „Feedback band“. По подолго време еден од најбараните бендови во нашата земја, ја објави својата нова песна.

„Далеку од тебе“ е насловот на нивната нова нумера, на која како автор се потпишува најдобриот тандем на овие простори – Лазар и Магдалена Цветковски.

– Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња, меѓутоа сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку музика во овие денови на изолација и полициски час – велат момците од бендот и додаваат дека во нивната фиока има уште една готова песна, но дека таа ќе ја промовираат кога работите ќе се вратат во нормала.

За новата песна, момците снимија и видеоспот во кој се појавува и една од најубавите Македонки, преубавата Ана Мариа Јанковиќ, која пред неколку месеци потпиша договор за соработка со еден многу познат светски бренд за облека.

Режисер на видеото е Дарио Јанковиќ или Генерал Јанковиќ, а истото е снимено на повеќе локации во Скопје и Демир Капија.

Да не должиме многу, погледнете, уживајте и се разбира – останете дома!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.