Промо
ЛЕТЕН ХИТ ВО НАЈАВА: Либеро бенд ја подготвуваат новата песна „Дел по дел“
Долги години опстојуваат на македонската музичка естрада. Од самиот почеток, па се до ден денес, тие се во истиот состав, а со својата уметност ги поместуваат стандардите за квалитетот на македонската музичка сцена.
Моменталната ситуација не ги обесхрабри и не ги спречи да направат нешто ново. И додека сите седат дома и чекаат да помине овој хаос, тие неуморно работат. Пред само еден месец објавија преработки на познати хитови од Балканот, а веднаш потоа се затворија во студио и снимија нова песна.
„Дел по дел“ е името на новата песна на „Либеро Бенд“, за која момците снимија и видео запис.





