МК Сцена
Промовирана книгата „300.000 километри мотоавантура“ (ФОТО)
Во култниот кафе бар „Ван Гог“, денеска беше промовирана книгата „300 000 километри мотоавантура“, на хрватскиот авантурст и вљубеник на две тркала Жељан Ракела.
Авторот на книгата раскажува за интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања врзани за авантурите со мотор, а книгата како што вели ја има посветено на најблиските од семејството, но и на загинатите моторџии.
– „Авантурите се привилегии на оние кои ги посакуваат, трагаат по нив и живеат за нив, а парите потрошени за авантуристички патувања се најдобро потрошени пари ” – лајт мотив кој се провејува низ книгата „300.000 километри мотоавантура” испишани низ тристотини страници на еден голем авантурист и вљубеник во две тркала спроти ветрот.






