МК Сцена
Утре со концертот на легендарните КРАФТВЕРК почнува 20-тиот ТАКСИРАТ!
ТАКСИРАТ Фестивал годинава го прославува својот голем јубилеј и со богата концертна програма во текот на целата година го одбележува своето 20-то издание!
По овој повод, првиот во низата ексклузивни настани на Таксират е, ни повеќе ни помалку туку концертот на германските пионери на електронската музика, легендарните КРАФТВЕРК кој ќе се одржи утре (27-ми февруари) во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје!
КРАФТВЕРК гостуваат во Скопје по 13 години од нивниот прв настап кај нас, кој сѐ уште важи за еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале во Македонија, а овој пат ексклузивноста на нивното гостување е збогатена и со спектакуларното 3-Д визуелно шоу кое е дел од нивните концерти на исклучително успешната актуелна турнеја!




