МК Сцена
Првата дама на светската техно сцена, Нина Кравиц на Грин бич фестивал!
Деветта година по ред, GREEN BEACH FESTIVAL продолжува да се одржува со импозантни хедлајнери од глобалната електронска сцена, кои гостуваат кај нас во врвот од својата кариера и со кои овој настан прерасна во синоним за најквалитетно електронско доживување.
Ова лето, GREEN BEACH FESTIVAL ќе се одржи на 27-ми јули, а публиката на Фестивалот ќе има привилегија да го погледне премиерниот настап во Македонија на најпопуларната дама на светската електронска сцена, прогласена и за најдобар диџеј за 2017-та година – НИНА КРАВИЦ! Сибирската техно дива е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата година имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои потоа зборуваше цела планета. Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно чувство со кое ја восхитува публиката.
Единствениот музички сензибилитет и музичкото образование со бескомпромисен пристап кон уметноста, како и искрениот однос кон публиката, ја позиционираа Нина Кравиц како хедлајнер на водечките светски фестивали, меѓу кои и Coachella, Amsterdam Dance Event, Awakanenings, Sonar, Exit, DEMF, Timewarp, Mutek, Kappa Futur и многу други. Посебно се издвојуваат нејзините резидент настапи на престижните журки на Ричи Хотин, „ЕНТЕР“ на Ибица, како и редовните настапи во најголемите европски клубови како што се „Конкрет“ во Париз, „Нитса“ во Барселона, „Фабрик“ во Лондон или „Бергхаин“ во Берлин.




