МК Сцена
Сѐ што ти треба се Ареа, Казалиште, Бајага… и малку љубов! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Зошто малку љубов? Затоа што само малку љубов е потребна за да го придвижи светот кон подобро! А, вчеравечер во „Борис Трајковски“ љубов имавме во големи количини, во публиката, но и на бината… Затоа, малку изменета и дополнета познатата песна на Битлси, би звучела, сѐ што ти треба се Ареа, Прљаво Казалиште, Бајага… и малку љубов!
Спектакуларниот концерт во организација на Авалон продукција ја преполни арената „Борис Трајковски“, со надеж дека ќе прерасне во фестивал што ќе се одржува секоја година пред празниците.
Први на сцената настапија „Деца из воде“, трибјут бендот посветен на „Екатерина велика“ кои само ја вжештија атмосферата за, според посетителите, ѕвездите на вечерта, Ареа.





















