МК Сцена
Се очекуваат 15.000 посетители за концертот на Д Продиџи во Охрид!
До денес се продадени над 5 илјади влезници за претстојниот концерт на еден од најголемите концертни бендови на светот на сите времиња, Д Продиџи, кој ќе се одржи на 14-ти август, на стадионот „Билјанини извори“, во рамките на фестивалот „Охрид колинг 2016“, потврдуваат од Авалон продукција.
Од таму велат дека се очекува да биде надминат рекордот од концертот на Лени Кравитс (12.000 посетители).
Д Продиџи доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Д Деј Ис Мај Енеми“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.




